Фудбалската репрезентација на Шпанија, во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство ќе влезе со нов грб. Кралскиот фудбалски сојуз на Шпанија (РФЕФ) реши да го смени грбот од 1990 година, кој беше препознатлив и со кој „црвената фурија“ освои две европски и една светска титула.
Новиот грб не им се допаѓа на Шпанците. На социјалните мрежи коментираат дека грбот изгледа како лого на некоја фармацевтска компанија.
That old RFEF logo was so iconic, something that related with years of Spanish dominance in world football.
The new logo is more of a reflection of the current state of RFEF, bunch of sell-outs. pic.twitter.com/1yKy87DYYP
— AU (@parteyismo) March 23, 2021
„Сакавме да имаме впечатлив грб кој ќе не следи во идните успеси. Важно е да се знае зошто се решивме на еден ваков чекор…Тоа е дел од стратегискиот план, според кој нашиот сојуз мора да оди напред со елеганција, едноставност и моќ“, порачале од РФЕФ.
Сега веќе стариот грб, од 1990 година, беше инспириран од делата на сликарот Жоан Мир.