Легендарниот германски фудбалер, Берн Шустер, во кариерата бил играч на двата најголеми клуба во Шпанија, Реал и Барселона. На „Камп Ноу“ бил соиграч со Диего Марадона.
„Во едно интервју Шустер рекол дека падот на Марадона започнал во Барселона Марадона во периодот од 1982 до 1984 настапил на само 36 натпревари за Барселона. Во тој период доживеа тешка повреда, кога Андони Гоикочеа, наречен „месарот од Билбао“, му ја скрши ногата.
„Го протераа, беше прогонет, одеа по него, не му даваа да дише. Беше тоа голема грешка на клубот, градот, на сите нас. Не знаевме да се грижиме за него. Наместо да го заштити Барселона го уништи“, рекол Шустер и дополнил дека бил цимер со Марадона, но дека не се гледале често.
„Јас сум класичен германски спортист. Рано си легнував и рано се будев. А Диего? Тоа не беше така“.