Шчесни: Немам намера да ги оставам цигарите

Шчесни: Немам намера да ги оставам цигарите

пред 3 месеци

Барселона од пред неколку дена и официјално има нов голман. Војчех Шчесни (34), поранешниот голман на Арсенал, Рома, Јувентус и полската репрезентација, привремено се врати од пензија во која е од летото, поради повредата на Марк-Андре тер Штеген. Шчесни со Барселона потпиша договор до крајот на сезоната.

Шчесни е токму голманот што Барселона го бараше. Тој е искусен, со преку 540 настапи во клупската кариера, во кои играше во најсилните лиги, додека за репрезентацијата настапи 84 пати.

Штом почна да го поврзуваат со Барселона, каталонските медиуми направија мини-скандал поради фактот дека Шчесни е страствен пушач, што е реткост меѓу врвните спортисти.

„Никој не треба да се занимава со тоа што пушам. Некои работи немам намера да ги менувам. Тоа не влијае на она што го правам на фудбалскиот терен, а не пушам пред на децата за да нема лошо влијание врз нив. Јас се обидувам да го сокријам тоа, не пушам пред други луѓе и ако некој мисли дека ќе го променам мојот животен стил како голман, нека размисли уште еднаш. Сакам да ми судат според она што го демонстрирам на теренот, а не според некакви приказни“, изјави тој за каталонските медиуми.

Share
Scroll to Top