Полскиот голман Војчех Шчесни бил „фатен“ како пуши цигара во Сопот, Полска, неколку часа пред вчерашниот меч со Шпанија, каде што тој беше клучниот човек при 1:1 ремито со кое Полјаците ги заддржаа шансите за пласман во осминафиналето.
Ова не е првпат голманот на Јувентус да биде критикуван поради страста кон цигарите, откако додека беше фудбалер на Арсенал доби казна од 20.000 фунти од тогашниот менаџер Арсен Венгер откако го фатил со цигара по поразот од Саутемптон во 2015 година.
Во негова одбрана веднаш застана неговата сопруга, манекенката Марина Шчесна, која ги блокираше коментаторите по мечот со Словачка (каде што Полјаците неочекувано загубија, а нејзиниот сопруг си даде автогол).
„Бранеше како лав. Можевме и до победа, но беше одлично“, напиша Шчесна.