Ѓоковиќ го збриша Карацев за деветто финале во Мелбурн

Ѓоковиќ го збриша Карацев за деветто финале во Мелбурн

пред 4 години

Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на Австралија опен. Првиот носител, во полу-финалето, го победи Аслан Карацев од Русија со 6/3, 6/4, 6/2, за нешто помалку од два часа игра.

Ѓоковиќ деветти пат ќе игра финале на Австралија опен, турнир кој осум пати го освојувал во кариерата. Од друга срана, Карацев, против најдобриот во светот, не успа да ги повторни резултатите од претходните рунди. Рускиот тенисер, од квалификациите успеа да дојде до полу-финалето, што ќе му овозможи скок од 72 места на АТП листата. Карацев од понеделник ќе се наоѓа на 42 место.

Ѓоковиќ, рутински славеше над Карацев, иако имаше мали проблеми во финишот на вториот сет, кога Карацев успеа да се врати од 5:2, и при резултат 5:4 да има брејк топка.

Дуелот беше рамноправен и на стартот, се до моментот кога Ѓоковиќ почна да ги „чита“ сервисите на противникот.

„Очекував дека ќе игра на високо ниво. Го гледав како добро игра против квалитетни противници. Тој е силен, висок играч, силно го удира топчето, има добар ритерн. Мислам дека ова е моето најдобро издание. Добро се чувствував. Утре ќе се подготвувавм за финалето. Во сабота планирам и да тренирам“, изјави Ѓоковиќ по дуелот со Карацев.

Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Данил Медведев или Стефанос Циципас. овие двајца своето поло-финале ќе го одиграат утре.

Share
Scroll to Top