„Ѓоковиќ е како Џорџ Харисон во Битлси“

„Ѓоковиќ е како Џорџ Харисон во Битлси“

пред 2 години

Новак Ѓоковиќ досега беше споредуван со многу познати имиња од светот на спортот, но не и со луѓе од светот на музиката.
Поранешниот број еден, кој полека се подготвува за учество на Мастерсот во Париз, го споредуваат со член на Битлси.

Американскиот новинар Бред Фокнер неодамна во тенискиот подкаст „Beilinson tennis“, споредувајќи го Новак со вечните ривали, Надал и Федерер, даде интересно мислење.

„Статистички, тој е во одлична позиција. Да, Надал има повеќе слемови, но во се останато Ноле доминира. Мислам дека е супериорен во однос на Надал и Федерер“, вели Фокнер.

Фокнер се обиде да опише зошто Ѓоковиќ, најмногу во западниот свет е помалку популарен од Федерер и Надал.

„Зошто некои не го ценат како што ги ценат неговите големи ривали? Затоа што подоцна се појави на сцената. Џорџ Харисон не беше инфериорен во однос на Џон Ленон и Пол Макартни, но тој е помалку запаметен од тие двајца. Истото може да се каже и за Новак. Тој станаа подобар од нив, но фановите и медиумите чувствваат симпатии кон Роџер и Рафа. Кога тој стапна на сцената, нивното ривалство веќе беше доминантно и ги надминуваше границите на тенисот“, објасни Фокнер.

Share
Scroll to Top