Ѓоковиќ разочаран по елиминацијата од АО: Ова не е почеток на крајот

Ѓоковиќ разочаран по елиминацијата од АО: Ова не е почеток на крајот

пред 11 месеци

„Новак, дали е ова игра соодветна за вашите години“, беше едно од најдиректните прашања за време на мошне емотивната прес-конференција на Новак Ѓоковиќ по неговата елиминација во полуфиналето на Австралија опен.

Отворен, видно разочаран, самокритичен, полн со пофални зборови за Јаник Синер, повремено нејасен, Новак долго време одговараше на прашањата на новинарите во Мелбурн.

„Пред мечот го направив она што генерално го правам во контекст на подготовките за да го играм својот најдобар тенис. Различни фактори влијаеа да играм вака, пред се не бев ни блиску до мојот максимум во текот на целиот турнир…“ – изјави во еден момент Ѓоковиќ, кој денеска не беше исклучително лош во полуфиналето против помладиот и подобариот играч, а потоа продолжи:

„Факт е и дека играв против Синер, кој е во одлична форма, тој ја наметна играта, малку поинакви услови, главно завршницата ја играм навечер… Има многу работи, но глупаво би изгледало да барам изговори. Бев надигран, тоа е тоа, ќе подадам рака. Жал ми е што играв многу под моето ниво, но спортот е таков“, рече тој, а потоа малку ја збуни публиката:

„Не знам како ќе се одвиваат работите. Кога го напуштате теренот по пораз, главата ви е вжештена, се борите да бидете рационални, но толку многу нерационални работи се случуваат во вашата глава. Кога ќе се смирам, тогаш ќе продолжам, ќе видам на кои турнири. Се обврзав да играм оваа сезона и приоритет да ми бидат најголемите турнири и ОИ. Ќе видиме дали нешто ќе се смени, во оваа фаза од кариерата и животот можеби се поочекувани некои изненадувачки одлуки отколку пред 10 години“, изјави победникот на 24 Грен слем турнири.

Share
Scroll to Top