Ѓоковиќ се намачи, но „отвори“ со победа над Циципас, Гркот веќе не може да е број 1

Ѓоковиќ се намачи, но „отвори“ со победа над Циципас, Гркот веќе не може да е број 1

пред 2 години

Новак Ѓоковиќ го стартуваше АТП финалето во Торино со тешка 6:4/7:6(4) победа над Стефанос Циципас во вториот меч од „Црвената група“, со што му ја уништи шансата на грчкиот тенисер да ја заврши годината како светски број 1 – за тоа му беше потребно да го освои турнирот без загубен сет.

Србинот започна одлично во „Пала Алпитур“ салата, правејќи брејк уште во првиот гем за да ја преземе контролата на мечот, за лесно да го освои првиот сет, пред 24-годишниот Циципас да пружи отпор, но потоа да ја загуби контролата во тај-брејкот и да го загуби мечот по час и 37 минути игра. Ова беше 10-ти пораз во 12 меѓусебни мечеви за Циципас.

34-годишниот Ѓоковиќ, кој последен пат го освои завршниот турнир во 2015 година, се обидува да го израмни рекордот на Роџер Федерер од шест триумфи на турнирот.

Карлос Алкараз ќе остане светски број 1 и покрај тоа што не настапува на турнирот доколку Рафа Надал не го освои турнирот во Торино.

Share
Scroll to Top