Ја освои Европа двапати – Жоржињо е најдобриот фудбалер на УЕФА

Ја освои Европа двапати – Жоржињо е најдобриот фудбалер на УЕФА

пред 3 години

Ѕвездата на Челси и на италијанската репрезентација, Жоржињо е избран за најдобар фудбалер во сезоната 2020/21 од страна на УЕФА, крунисувајќи ја сезоната во која тој стигна до две огромни титули – трофејот од Лигата на шампионите и титулата од ЕУРО 2020

Жоржињо во изборот на селекторите и на медиумите, ги победи својот соиграч, Н’Голо Канте, како и ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне.

Голман на сезоната во Лигата на шампионите е чуварот на мрежата на Челси, Едуар Менди, додека за најдобар одбранбен играч е избран Португалецот Рубен Дијаш од Манчестер сити. Н’Голо Канте беше прогласен за најдобар играч од средниот ред, додека за најдобар напаѓач беше прогласен неверојатниот Норвежанец Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд со 10 гола во 8 меча.

Доминацијата на европските шампиони Челси во изборот на УЕФА беше прогласувањето на Томас Тухел за најдобар тренер на сезоната 2020/21, откако од јануари успеа да го препороди лондонскиот клуб и да ги донесе до титулата од Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top