На крилјата на Никола Јокиќ, кошаркарите на Денвер Нагетс во драматичен натпревар забележаа победа над Њу Орлеанс Пеликанс 114:112. Јокиќ одигра на МВП-ниво, беше најефикасен во својот тим и на три секунди до крајот ја имаше клучната блокада над Зајон Вилијамсон.
Пеликанс беа на чекор до сензационален пресврт против Нагетс. Во последните 45 секунди, Пеликанс влегоа со минус од девет поени, меѓутоа Брендон Инграм Вилијамсон и грешките на Нагетс ги вратија во натпреварот.
Во последниот напад, Пеликанс влегоа со минус од два поени, а Јокиќ со силна блокада го спречи Вилијамс да избори продолженија.
Јокиќ натпреварот го заврши со 32 поени, седум скока, осум асистенции, три украдени топки и три блокади. Србинот поддршка доби од Мајкл Портер јуниор (28 поени, осум скока) и Факундо Кампацо (19 поени, 10 асистенции).
Кај Пеликаннс се истакнаа Вилијамсон со 27 и Инграм со 21 поен.
Покрај Јокиќ, одлични натпревари за своите тимови одиграа и останатите кошаркари од просторите на поранешна Југославија.
Бојан Богдановиќ, беше најефикасен во тимот на Јута со 24 поени, во импресивната победа на Џезерите над Сакраменто 154:105.
Јусуф Нуркиќ забележа 15 поени и девет скока во победата на Портланд во Мемфис 130:109.
Чикаго запишаа пораз во Њујорк 94:113. Никола Вучевиќ, го предводеше Чикаго со 26 поени и 18 скокови.
Богдан Богдановиќ поради повреда не играше за Атланта против Филалделфија (87:123).
Резлтати:
Кливленд-Орландо 104:109
Филалделфија-Атланта 127:83
Бостон-Шарлот 120:111
Њујорк-Чикаго 113:94
Вашингтон-ЛА Лејкерс 116:107
Мајами-Сан Антонио 116:111
Денвер-Њу Орлеанс 114.112
Мамфис-Портланд 109:130
Финикс-ЛА Клиперс 109:101
Сакраменто-Јута 105:154