Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ одлично го стартуваше годинешниот плеј-оф во НБА лигата. Српскиот центар на првите три меча против Портланд во серијата во која Нагетси водат со 2-1 има одлични бројки.
Во просек бележи по 36 поени, речиси 12 скока и нешто помалку од 4 асистенции по меч за 34 минути поминати на паркетот.
Еден податок посебно е впечатлив, а се однесува на бројот на поени и процентот на успешност.
Јокиќ е првиот играч по легендата Мајкл Џордан кој на првите 3 меча од плеј-оф серијата бележи над 30 поени со над 50% успешност при реализацијата од игра.
Јокиќ досега има 41 погоден шут од 71 обид.