Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

пред 2 недели

Кошаркарот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ е најкорисен играч во НБА за сезоната 2023/2024. Јокиќ доби 926 гласови (79 први места), второто место го зазеде Шеј Гилџис-Александер од Оклахома Сити Тандер со 640, а трет беше Лука Дончиќ од Далас Маверикс со 566.

Јокиќ трет пат во последните четири сезони ја освои наградата за МВП, додека минатата година, според многумина незаслужено, трофејот „Мајкл Џордан“ му припадна на Џоел Ембиид од Филаделфија.

Центарот на актуелниот НБА шампион е прогласен за најдобар играч на финалната серија минатата сезона.

29-годишниот играч оваа сезона блеска и во лигашкиот дел од натпреварувањето имаше просек од 26,4 поени, 12,4 скока и девет асистенции.

Мозес Мелоун, Лери Бирд и Меџик Џонсон имаат по три МВП титули, Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс имаат една повеќе, Бил Расел и Мајкл Џордан освоија по пет, додека Карим Абдул Џабар е неприкосновен со седум.

Share
Scroll to Top