Јуве ќе го пуштат Ремзи да замине без отштета во јануари

Јуве ќе го пуштат Ремзи да замине без отштета во јануари

пред 3 години

Јувентус се подготвени да го пуштат Арон Ремзи да си замине од клубот без отштета во јануарскиот преоден рок, во обид да се „ослободат“ од неговата плата од 400.000 фунти неделно, а повеќе премиерлигаши, како Вест хем, Евертон и Њукасл се заинтересирани за Велшанецот.

Поранешната ѕвезда на Арсенал има договор со Јуве до јуни 2023 година, но тој не успеа да импресионира по пристигнувањето во тимот во 2019 година, посебно бидејќи Ремзи беше повреден неверојатни 140 дена за торинскиот клуб.

По 11 години во Арсенал, повеќе премиерлигаши сметаат дека со неговото искуство би бил вредно засилување. 30-годишниот Ремзи имаше 65 гола и 65 асистенции во 371 меч за Арсенал, освојувајќи три трофеи од ФА купот, додека за Јувентус има само 68 настапи.

Share
Scroll to Top