Јунајтед бесплатно го пуштија Переира во Фламенго, а ќе му плаќаат и 40 отсто од платата!

Јунајтед бесплатно го пуштија Переира во Фламенго, а ќе му плаќаат и 40 отсто од платата!

пред 3 години

Манчестер јунајтед се договорија со бразилскиот Фламенго за позајмица на Андреас Переира во сезоната 2021/22 во еден од најнеобичните договори за позајмица во модерниот фудбал.

Оле Гунар Солскјер не смета на 25-годишниот фудбалер од средниот ред, кој минатата сезона ја помина во Лацио, но италијанскиот клуб не се реши да го купи за 30 милиони евра. Јунајтед сакаа постојан трансфер, но според британските медиуми се решија да го пратат во Фламенго бесплатно и дури да му плаќаат 60 отсто од платата.

Покрај Переира се очекува уште неколку фудбалери на Јунајтед да заминат до крајот на преодниот рок, на позајмица или на продажба. Брендон Вилијамс е блиску до позајмица во Норич сити, додека Амад Диало сигурно ќе биде пратен на „калење“ во некој помал клуб. Околу иднината на Џеси Лингард уште има многу нејасни работи, иако Вест хем се подготвени да го примат на уште едногодишна позајмица.

Share
Scroll to Top