Њукасл во 94. минута „извлече“ поен против Вила!

Њукасл во 94. минута „извлече“ поен против Вила!

пред 4 години

Во натпревар во кој главната акција беше во последните 10 минути од мечот, Њукасл успеа да извлече поен со 1:1 реми со Астон вила за трето реми во низа по кое се на само два поени од зоната за испаѓање.

Тимот на Стив Брус игра лошо во последно време, и навивачите стравуваа за нов пораз кога ударот на Оли Воткинс во 86. минута од Кјаран Кларк влезе во домашниот гол, но Џамал Ласелс во 94. минута со убав гол со глава спаси поен.

Вила се на деветтото место со 41 поен и немаат победа во последните три меча, додека Њукасл се на 16. место со 28 поени, само два пред Фулам кои се на 18. место, прво кое носи во Чемпионшип.

Share
Scroll to Top