Голгетерот на Рома, Един Џеко во вчерашното дерби со Лацио не постигна гол, но затоа забележа една асистенција и изнуди црвен картон на противникот.
„Знаеме дека ова не е една од најдобрите сезони, но дербито секогаш е дерби. Изгубивме во првиот дел од сезоната, сакавме сезоната да ја завршиме добро. Ни остана уште еден меч“ рече Џеко за „ДАЗН“ по мечот.
Тој го прокоментира и доаѓањето на Жозе Мурињо на кормилото на „волчицата“.
„Веќе донесе ентузијазам, Рома е тешка средина и не можеше да ни дојде подобар тренер“ смета репрезентативецот на БиХ.
Ниту Рома ниту Лацио идната сезона немаат шанса за настап во ЛШ.