Џеко повеќе не е капитен на Рома

Џеко повеќе не е капитен на Рома

пред 4 години

Един Џеко повеќе нема да биде капитен на Рома. „Волчицата“, во иднина со капитенската лента ќе ја предводи Лоренцо Пелегрини.

Џеко нема место во тимот од пред две недели, кога имал вербална расправија со тренерот Поло Фонсека. Еден период дури и не тренираше со првиот тим.

Рома се обидуваше да го продаде во јануарскиот преоден рок, на крајот тој остана на „Олимпико“.

Џеко, пред соиграчите, жестокот го навредил тренерот Фонсека, по елиминацијата од Купот на Италија, од Специја (2:4). На крајот Рома го загуби тој меч со службени 3:0, бидејќи во текот на мечот извршија шест, наместо предвидените пет измени.

Share
Scroll to Top