Авион во Шкотска се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот

Авион во Шкотска се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот

пред 1 година

Мал авион се урнал само неколку моменти по полетувањето од аеродром во Шкотска.

Инцидентот се случил на аеродромот Фајф денеска нешто пред 12 часот. Како што пишува британски Метро, ​​авионот кој штотуку полетал паднал во ливада во близина на аеродромот.

На местото на падот на авионот пристигнала полицијата и го обезбедила целиот простор, како и екипи за итна помош. Во моментов не се знае колку патници имало во авионот, како и дали има повредени или жртви.

„Службите за итни случаи се на аеродромот Фајф откако лесен авион се урна во 11.40 часот во понеделник на 23 декември 2024 година. Истрагата е во тек“, соопшти шкотската полиција.

Шкотската противпожарна служба испрати добро опремена спасувачка единица на местото на несреќата.

Екипите остануваат на лице место откако дополнителните служби пристигнале со хеликоптер.

Текстот Авион во Шкотска се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top