Австралискиот вицепремиер за Ѓоковиќ: Не може да одиш по светот мислејќи дека си над сите

пред 3 години

На Нoвак Ѓоковиќ вчера му беше одбиена визата за влез во Австралија, а најдобриот светски тенисер во моментот е во Мелбурн во прифатилиште за луѓе кои чекаат решение за својот азилантски статус.

Адвокатите на Ѓоковиќ поднесоа жалба на одлуката на австралиската гранична полиција, а судската одлука се очекува во понеделник, иако не се знае каде ќе биде Ѓоковиќ до тогаш. За целиот настан зборуваше и австралискиот вицепремиер Барнаби Џојс кој остро го критикуваше српскиот тенисер.

„Ако не ги пополнил формуларите правилно, веројатно мислел дека може да се шегува со државата. Очигледно е дека некој згрешил, а ако Ѓоковиќ не ја кажал вистината, тогаш јасно е дека тој погрешил и ќе биде депортиран. На може да одиш по светот и да мислиш дека си над законот на некоја држава само затоа што си богат“, рече Џојс.

Ѓоковиќ, кој е гласен противник на вакцинацијата, доби изземање од правилата на Австралија опен, односно од строгите епидемиолошки мерки за да може да игра на турнирот, кој започнува на 17 јануари.

Но, по слетувањето во Мелбурн, граничната полиција му ја одби визата со образложение дека немал јасни докази зошто му било одобрено изземање од барањето за задолжителна вакцинација.

Се шпекулираше дека Ѓоковиќ наводно им рекол на истражителите дека веќе го прележал коронавирусот во последните шест месеци, но тоа, според австралиските мерки, не е доволно за да се изземе некој од епидемиолошките правила.

Share
Scroll to Top