Австрија го продолжи карантинот за невакцинираните

пред 3 години

Австрискиот парламент го продолжи карантинот за невакцинираните за уште десет дена.

Гласовите на владејачката Народна партија (ОВП), Зелените и опозициската Социјалдемократска партија (СПО) усвоија продолжување на мерката за ограничување на слободите за невакцинираните.

Карантинот за невакцинираните е продолжен до 20 јануари.

Според сегашната ситуација, карантинот за невакцинираните лица би можел да остане на сила долго време.

Така, невакцинираните можат да го напуштат домот само ако одат на работа, на лекар, во продавница за да купат намирници или средства за хигиена, во аптека или на прошетка, но сами.

Share
Scroll to Top