Невообичаена сообраќајна незгода се случила денеска во белградската општина Земун.
Како што пренесуваат српските медиуми, возач на градски автобус од засега се уште непознати причини изгубил контрола над возилото и влетал во детски парк.
Според српски „Телеграф“, во несреќата се повредени пет лица – четири деца и еден возрасен. На местото биле испратени четири екипи на брзата помош, а повредените се пренесени во болница.
„Телеграф“ наведува дека автобусот удрил во автомобил, кој потоа удрил во друг автомобил, кој пак се забил во ѕид на локална продавница.