(Видео) Во Британија тензии поради кризата за гориво, луѓето се тепаат на бензинските

пред 3 години

Почна со недостаток на возачи за камиони, продолжи со недостаток на продукти во продавниците, па на ред дојдоа редовите за гориво пред бензинските пумпи.

Оваа последна криза во Британија е толку голема што владата ја ангажираше војската да транспортира гориво на празните бензински пумпи.

Главната причина за хаосот пред сè е Брегзит и политика на Владата на Британија да ја изнесе земјата од Европската Унија, пишуваат тамошните медиуми.

Со тоа се појави недостаток на 90.000 до 120.000 возачи на камиони на британскиот пазар на работна сила.

Британската влада ја ангажираше војската за транспорт на горивото, кое не недостатува, но нема начин да стигне на бензинските пумпи.

Паниката која се создаде повлече дел од граѓаните да почнат да складираат залихи. Најкритично е на бензинските пупми каде поради големата тензија и нервоза и има тепачки.

Share
Scroll to Top