Активиран претседателскиот декрет за граници во Јонското Море

пред 2 години

Во Грција стапи на сила претседателскиот декрет за затворање на заливот во Јонското море и воспоставување на погранични линии.

Пограничните линии се воспоставуваат долж брегот и островите во Јонското море до Ртот Таинаро на Пелопонез, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Претседателскиот декрет е издаден по воспоставувањето на законот со кој е ратификувана Конвенцијата за законите на морињата на ОН од 1982 година и е неопходна мерка за проширување на територијалните води во споменатите делови на Грција.

Грција е целосно посветена на меѓународните правни акти, вклучително и на Конвенцијата за законите на морињата во согласност со меѓународните правни норми, се наведува во официјалното соопштение, пренесе АНА.

Share

https://go88.gg/

o sunwing.ultipro.ca nhóm sunwin tải sunwin 2022

Scroll to Top