Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денес издаде остро предупредување до Куба за време на посетата на американската воена база во заливот Гвантанамо. Хегсет ѝ порача на кубанската влада дека би било неразумно да се набави оружје што би можело да стигне до американската база или до копното, објавува ДВ.
„Не би било мудро кубанската влада да се обиде да набави или да добие оружје што би можело да стигне до оваа база или до американска територија“, рече Хегсет, без да прецизира за какво оружје станува збор. „Тоа би предизвикало конфликт што тие не само што не го сакаат, туку не можат да го издржат“, додаде тој, тврдејќи дека „ниту една земја во светот не може да се спореди со можностите на САД“.
Гвантанамо се наоѓа во јужна Куба и е единствената американска воена база во странска земја што се држи под траен закуп против волјата на локалната самоуправа. Тензиите се зголемија и поради блокирањето на снабдувањето со енергија на Куба од јануари од страна на САД, што доведе до чести прекини на електричната енергија и сообраќајни метежи.
Мерката се темели на пошироко трговско ембарго што Вашингтон го воведе во 1962 година. „Иднината на Куба ја одлучуваат… претседателот на Соединетите Американски Држави и кубанското раководство“, рече Хегсет.
Текстот Американците упатија остро предупредување до Куба е превземен од МАКФАКС.




