Во општата болница „Д-р Јосип Бенчевиќ“ во Славонски Брод на крајот на јануари починало бебе при породување, потврдија од болницата.
Од Општата болница „Д-р Јосип Бенчевиќ“ рекоа дека е извршен внатрешен увид и дека се уште се утврдуваат околностите на настанот.
„Извршен е вонреден внатрешен мониторинг и во тек се активности за утврдување на околностите за настанување на несаканиот настан“, одговорија од управата на болницата.
Трудницата немала никакви проблеми во текот на бременоста.
Текстот Бебе почина при породување во болницата во Славонски Брод, трудницата немала никакви проблеми во текот на бременоста е превземен од МАКФАКС.






