Американскиот претседател Доналд Трамп ги започна нападите врз Иран бидејќи имал „добро претчувство“ дека иранскиот режим планира да ги нападне САД, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Таа рече дека претседателот се соочил со избор: дали американската војска ќе биде првата што ќе ја елиминира заканата или ќе чека Иран да нападне.
„Претседателот се соочил со избор: дали САД ќе ја искористат својата војска и капацитети за да бидат првите што ќе ја елиминираат заканата кон нашата земја и кон нашиот народ 47 години, или ние, како врховен командант, ќе седиме и ќе гледаме како одметнатиот ирански режим ги напаѓа нашите луѓе во регионот“, рече таа.
Ливит додаде дека неактивноста од перспектива на Трамп е „неприфатлива“, што, според неа, ја поттикнало одлуката за започнување на војната.
Точното време на нападот е утврдено по проценките на разузнавањето за тоа каде се наоѓаат врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, и другите лидери на режимот.
„Тоа очигледно имаше влијание врз времето на операцијата, но не и врз одлуката на претседателот како целина“, рече таа.
Текстот Белата куќа: Трамп наредил напад на Иран бидејќи имал „добро претчувство“ е превземен од МАКФАКС.






