Британскиот премиер Борис Џонсон за време на денешниот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Велика Британија ќе продолжи да бара повеќе опции за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина.
Џонсон додаде дека Британија, во соработка со своите партнери, ќе бара повеќе опции за зајакнување на одбранбените сили на Украина за време на претстојниот состанок на Здружените експедициски сили, што ќе се одржи во вторник во Лондон, пренесува Ројтерс.
Двајцата лидери, исто така, „го осудија убиствата на (американскиот новинар) Брент Рејно и безброј невини Украинци, како и киднапирањата на градоначалниците на Днепрорудни и Мелитопол“, се вели во транскриптот од нивниот разговор, што кабинетот на Џонсон го достави до Ројтерс.