Брод полн со туристи потона во Египет

Брод полн со туристи потона во Египет

пред 2 години

Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на Црвеното Море.

„Сан“ пишува дека на бродот имало 31 турист од разни националности и 14 члена на екипажот.

Инцидентот се случил околу 5.30 часот кога туристите тргнале на нуркање и бродот испратил сигнал пред да се изгуби секаков контакт со него.

Египетската морнарица мобилизира хеликоптери и поморска единица во потрага по исчезнатите туристи. Спасувачките операции се во тек, а властите се обидуваат да најдат преживеани во водите на Црвеното Море.

Контролниот центар ги алармирал властите, вклучително и Центарот за поморско спасување, а тимовите за пребарување и спасување почнале големи спасувачки операции.

Текстот Брод полн со туристи потона во Египет е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top