Бројот на загинати во земјотресот во Турција се искачи на 58

пред 4 години

Бројот на жртви во земјотресот што го погоди егејскиот регион во Турција во петокот се искачи на 58, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Најмалку 896 лица се повредени како резултат на земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер, што го погоди Измир, третиот по големина град во Турција.

„Ние сме решени да ги превиеме раните на нашите браќа и сестри во Измир, кои беа погодени од земјотресот пред да започне студеното време и дождот“, рече Ердоган на состанокот на владејачката Партија на правдата и развојот во црноморската провинција Самсун, пренесува Анадолија.

Претходно, Ердоган рече дека ќе бидат изградени нови куќи за оние што ќе останат без покрив над главата што е можно поскоро.

Share
Scroll to Top