Бројот на загинати на железничката станица во Украина се искачи на 40, меѓу кои 10 деца

пред 3 години

Бројот на загинати во нападот на железничката станица се искачи на 40, изјави градоначалникот на Краматорск, Олександр Хончаренко.

Меѓу загинатите има и десет деца, изјави Хончаренко за Би-Би-Си, додавајќи дека „огромна ракета“ ја погодила железничката станица утрово околу 10:30 часот по локално време.

„Во тоа време на станицата имаше околу 4.000 луѓе кои го чекаа првиот воз“, рече Хончаренко, додавајќи дека е сигурен дека станува збор за руска ракета и дека во близина на станицата нема цели на украинската војска.

Сè уште е неизвесно дали железничката станица била намерно погодена и кој точно е одговорен за нападот, јавува Би-Би-Си.

Share
Scroll to Top