Бугарија ја прекина имунизацијата со вакцината „Астразенека“

пред 4 години

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, нареди да се запре имунизацијата со вакцината „Астразенека“, додека Европската агенција за лекови преку писмена согласност ги отфрли сите сомнежите за нејзината безбедност.

„Додека не дојде во писмена форма точна и јасно потврдена дијагноза од Европската агенција за лекови дали може да се дава вакцината или не, ние ќе ја прекинеме“, рече Борисов.

Тој потсети дека договорите со производителите на вакцини се склучени од Европската комисија и одобрени од Европската агенција за лекови.

„Ние, земјите-членки, сме само корисници“, рече Борисов.

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, посочи дека доцна синоќа неколку земји ја запреле имунизацијата со вакцината Астразенека на нивните територии.

Share
Scroll to Top