42 смртни случаи во Хрватска, меѓу новозаразените и министер

пред 3 години

Според најновите информации, во Хрватска во изминатите 24 часа се регистрирани 2.543 новозаразени од Ковид-19 и 42 смртни случаи како резултат на компликации од од оваа респираторна болест.

Во моментов има 1.396 пациенти на болничко лекување, од кои 145 се на респиратори, пренесуваат хрватските медиуми.

Хрватскиот министер за море, транспорт и инфраструктура Олег Бутковиќ е меѓу позитивните на коронавирус и има благи симптоми.

Утрово, неговото министерство објави дека министерот вчера направил тест и дека добил позитивен резултат, пренесува порталот „Индекс“.

Share
Scroll to Top