„Вашингтон пост“ објави снимка на која Трамп бара да се украдат гласови во Џорџија

пред 3 години

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, се обидел да го принуди државниот секретар на Џорџија да украде гласови во негова корист, пишува „Вашингтон пост“, и објави аудио-снимка од разговорот.

Разговорот трае еден час и се одвива меѓу Трамп, државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, и уште неколку високи републиканци.

Трамп во разговорот забележува дека луѓето во Џорџија се бесни.

„Гледај, сè што барам е да најдете 11.780 гласови“, вели Трамп, повторувајќи дека тие победиле на изборите.

Белата куќа сè уште не ги коментирала наводите и аудио-снимката.

Ако снимката е автентична, тоа е веројатно најголемиот скандал во политичката кариера на Трамп.

Трамп ги загуби изборите на почетокот на ноември од демократот Џо Бајден. Но, тој не го признава поразот и тврди дека бил ограбен. Инаугурацијата на новиот претседател треба да се одржи на 20 јануари.

Share
Scroll to Top