Велика Британија со закон го забрани влезот на руските бродови

пред 3 години

Обединетото Кралство денеска објави дека усвоила закон со кој се забранува влез во нејзините пристаништа на сите бродови кои имаат каква било врска со Русија.

„Штотуку станавме првата нација што усвои закон кој вклучува целосна забрана за влез во британските пристаништа за сите бродови што имаат каква било врска со Русија“, напиша на Твитер британскиот министер за транспорт Грант Шапс, пренесува Ројтерс.

Вчера Велика Британија им нареди на своите пристаништа да ги блокираат сите бродови кои се под руско знаме или за кои се верува дека се регистрирани, сопственост или контролирани од кое било лице поврзано со Русија.

Share
Scroll to Top