Венеција повторно воведе влезница за еднодневни посетители, која изнесува 10 евра, пренесе германската агенција ДПА.
За вкупно 60 датуми до крајот на јули, туристите кои доаѓаат без ноќевање ќе мора да платат за влез во градот. Доколку билетот се резервира најмалку три дена однапред, цената е 5 евра.
Гостите кои преноќуваат се ослободени од оваа такса, но плаќаат туристички данок за секоја ноќ.
Минатата година повеќе од 720.000 еднодневни туристи се регистрирале, носејќи приход од 5,4 милиони евра.
Мерката, која започна како експеримент, сега влегува во третата година и има цел подобро управување со масовниот туризам.
Сепак, критичарите сметаат дека наплатата не ги одвраќа посетителите, додека бројот на жители во историскиот центар продолжува да опаѓа.
Текстот Венеција повторно наплаќа влез: Туристите ќе плаќаат до 10 евра за еден ден е превземен од МАКФАКС.





