Венс го брани Трамп: „Ова не е вечна војна, ќе си ја завршиме работата и ќе си одиме дома“

Венс го брани Трамп: „Ова не е вечна војна, ќе си ја завршиме работата и ќе си одиме дома“

пред 4 часа

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, вчера им рече на Американците дека војната на претседателот Доналд Трамп против Иран нема да стане „вечна“, користејќи брифинг во Белата куќа за да ги одбрани политиките на Трамп, додека шпекулациите за неговиот потенцијален наследник се интензивираат.

Заменувајќи ја портпаролката Каролина Ливит, која е на породилно отсуство, Венс помина речиси еден час одговарајќи на прашања од новинарите со умерен тон што е во спротивност со конфронтацискиот стил на Трамп.

Салата за брифинзи во Белата куќа овој месец стана неофицијална сцена за аудиција за наследникот на Трамп на претседателските избори во 2028 година, објави „Ројтерс“.

Брифингот на Венс се случи околу две недели откако државниот секретар Марко Рубио, неговиот потенцијален ривал, привлече внимание со својот прв брифинг.

„Марко е во право, ова навистина е хаос“, се пошегува Венс додека толпа новинари ги извикуваа своите прашања.

Кога еден новинар го нарече Венс „потенцијален иден кандидат“, тој брзо го поправи.

„Јас не сум потенцијален иден кандидат. Јас сум потпретседател и навистина ја сакам мојата работа и ќе дадам се од себе да ја завршам најдобрата можна работа“, рече тој.

Венс (41), поранешен маринец кој долго време се спротивставуваше на вмешаноста на САД во странски војни, во вторникот изјави дека секоја ескалација со Техеран во отсуство на дипломатско решение би им служела на долгорочните безбедносни интереси на САД.

„Ова не е вечна војна“, рече тој. „Ќе ја завршиме работата и ќе се вратиме дома“.

 

фото/Depositphotos

Текстот Венс го брани Трамп: „Ова не е вечна војна, ќе си ја завршиме работата и ќе си одиме дома“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top