(Видео) Авион заглави под мост во близина на Букурешт

(Видео) Авион заглави под мост во близина на Букурешт

пред 3 часа

Необична сцена е забележана на патиштата во Романија, каде што патнички авион што повеќе не е во употреба се заглавил под мост додека бил транспортиран кон детско игралиште.

Авионот бил пренесуван во ноќта меѓу четвртокот и петокот од меѓународниот аеродром „Анри Коанда“ во Отопени кон градот Волунтари, каде што требало да добие нова намена како дел од простор за детска рекреација, пренесува српски „Телеграф“.

Поради големите димензии на товарот, транспортот се одвивал со специјално возило и полициска придружба, со брзина од околу 10 километри на час.

Меѓутоа, и покрај претходните подготовки, конвојот наишол на проблем во близина на Балотешти, кога трупот на авионот се заглавил под железнички мост.

На снимките што се прошириле на социјалните мрежи се гледа авионот без крилја, заглавен под мостот, додека други возила се движат во негова близина.

Транспортот бил привремено прекинат, а авионот бил преместен на паркинг-простор. Предвидено било патувањето кон Волунтари да продолжи по технички приспособувања на транспортната опрема.

Иако крилјата биле демонтирани за да се намалат димензиите, транспортот на авионот се покажал како сложена операција поради ограничувањата на висината на патните премини.

Текстот (Видео) Авион заглави под мост во близина на Букурешт е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top