(Видео) Авион се урна во близина на една од најпознатите плажи, пилотот загина

(Видео) Авион се урна во близина на една од најпознатите плажи, пилотот загина

пред 5 часа

Помал авион се урна во морето во близина на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, при што загина пилотот, објави порталот „Г1“, повикувајќи се на пожарникари.

Телото на пилотот е пронајдено и неговата идентификација е во тек.

„Тоа беше првиот работен ден на пилотот “, рече заменик-префектот на јужната зона на градот, Бернардо Рубијао.

Станува збор за авион со еден мотор со рекламен банер.

Градското собрание на Рио де Жанеиро објави дека компанијата чиј авион се урна немала дозвола да спроведе рекламна кампања.

Текстот (Видео) Авион се урна во близина на една од најпознатите плажи, пилотот загина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top