(Видео) Авион се урна на Флорида, тројца загинати

(Видео) Авион се урна на Флорида, тројца загинати

пред 2 недели

Мал авион се урна на автопат во Бока Ратон, Флорида, при што загинаа три лица, јавија локалните медиуми.

Пилотот на Цесна 310Р пријавил „механички проблеми“ при обидот да слета на аеродромот. Податоците за летот покажуваат дека авионот кружел неколку пати набргу по полетувањето од аеродромот Бока Ратон.

Локалната полиција ги повика граѓаните „да ја избегнуваат областа“, затворени се два автопати и надвозник во близина на местото на несреќата. На патот, како и на блиската железничка пруга имало расфрлани делови од авионот.

Текстот (Видео) Авион се урна на Флорида, тројца загинати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top