(Видео) Автобус падна во река во Непал, загинаа 14 Индијци

(Видео) Автобус падна во река во Непал, загинаа 14 Индијци

пред 1 година

Најмалку 14 лица загинаа, 16 се повредени, а десетина се водат за исчезнати кога автобус со 40 патници од Индија падна во река во Непал, изјави денеска портпаролот на хималајската полиција.

Патиштата во планинските области може да бидат опасни за возачите бидејќи често се тесни, што го отежнува маневрирањето на големите возила околу острите свиоци.

Автобусот, регистриран во Индија, се упатил кон главниот град на Непал Катманду од туристичкиот град Покара со 40-ина индиски патници, изјави портпаролот Шајлендра Тапа.

Спасувачите извлекоа 16 лица од водите на реката Марсијангди во округот Танахун, на околу 118 километри од главниот град, надојдена од дождовите, рече Тапа.

Текстот (Видео) Автобус падна во река во Непал, загинаа 14 Индијци е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top