(Видео) Автомобил влета во толпа луѓе на трамвајска станица во Полска, најмалку 19 повредени

(Видео) Автомобил влета во толпа луѓе на трамвајска станица во Полска, најмалку 19 повредени

пред 2 години

Неколку лица се повредени денеска кога автомобил удри во толпа луѓе кои чекаа на трамвајската станица во градот Шчечин во северозападна Полска, а потоа се судри со три други возила, јавија локалните медиуми.

„ТВН24“ објави дека околу 19 лица се повредени, меѓу кои три деца, а две лица се во критична состојба, пренесе АП.

Полицијата соопшти дека возачот, 33-годишен маж, избегал од местото, но подоцна бил уапсен.

Според полицијата, станува збор за 33-годишен Полјак, жител на Шчечин, кој побегнал, но набрзо бил уапсен. Полицијата не се сомнева во тероризам.

Меѓу повредените има и три деца, изјави портпаролот на локалната полиција Павел Панкао. Според информациите, две лица се во критична состојба.

Инцидентот се случил на фреквентна раскрсница на почетокот на попладневниот шпиц, околу 16 часот по локално време.

Текстот (Видео) Автомобил влета во толпа луѓе на трамвајска станица во Полска, најмалку 19 повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top