(Видео) Американскиот министер за здравство: Ако цената се намали од 600 на 100, тоа е заштеда од 600%; Трамп: Точно

(Видео) Американскиот министер за здравство: Ако цената се намали од 600 на 100, тоа е заштеда од 600%; Трамп: Точно

пред 3 часа

Роберт Ф. Кенеди Џуниор, американскиот министер за здравство и социјални услуги, повторно успеа да ја воодушеви јавноста со својот став за математиката од основно училиште.

За време на состанокот во Овалната соба, пред самиот претседател Доналд Трамп, Кенеди се обиде да ги одбрани лудите тврдења на администрацијата за процентот на намалување на цените на лековите.

„Еден демократски сенатор тврдеше дека е математички невозможно цената на лекот да падне за 600 проценти“, го започна Кенеди својот говор до Трамп, осврнувајќи се на минатонеделното сослушување во Сенатот.

Потоа тој упати нова „логика“: „Јас ѝ реков – па, ако лекот чини 100 долари и неговата цена скокне на 600 долари, тоа е зголемување од 600 проценти. Ако падне од 600 на 100 долари, тоа е заштеда од 600 проценти.“

Трамп едноставно потврди кратко и задоволно: „Точно.“

Проблемот со теоријата на Кенеди е што таа нема никаква врска со реалноста или со математиката што се учи во пониските одделенија од основно образование.

Текстот (Видео) Американскиот министер за здравство: Ако цената се намали од 600 на 100, тоа е заштеда од 600%; Трамп: Точно е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top