Американскиот претседател Џо Бајден, кој најави дека САД ќе донираат половина милијарда вакцини против Ковид-19 во 92 земји кои се во огромна потреба, на својот Твитер профил напиша дека е исправно и паметно и дека овие вакцини ќе спасат милиони животи.
Today, I’m announcing that the United States will donate half a billion new Pfizer vaccines to 92 low- and lower middle-income countries.
These Pfizer vaccines will save millions of lives around the world, and be produced through the power of American manufacturing.
— President Biden (@POTUS) June 10, 2021
Бајден вчера потврди дека САД ќе купат половина милијарда вакцини против Ковид-19 со цел да ги донираат во земји со пониски примања без никакви услови.
„ Ќе започнеме со испорака на 500 милиони вакцини во август, веднаш штом ќе заврши нивното производство“, објави Бајден на прес-конференција пред почетокот на самитот на Г7 во Велика Британија.
Висок функционер на американската администрација денес потврди дека САД ќе донираат 500 милиони вакцини на „Фајзер“ за 100 земји со најмал приход во светот и дека нема да бараат никакви контра-услуги за возврат.
САД ќе плаќаат на „Фајзер“ околу 3,5 милијарди долари за вакцини, а договорот ќе биде финализиран во следните недели, изјави официјалното лице за „Ројтерс“.
„Фајзер“ и германскиот партнер „Бионтек“ вчера објавија дека се согласиле на американската влада да ѝ испорачаат 500 милиони дози вакцини.
Според најавата, испораката на 200 милиони дози ќе започне во август и ќе заврши до крајот на годината, додека 300-те милиони дози планирани за 2022 година ќе бидат испорачани во периодот од јануари до крајот на јуни.