(Видео) Вакцината против Ковид-19 во Британија прва ја прими 90-годишна жена

пред 6 години

Маргарет Кинан, 90-годишна жена од Велика Британија е прва личност во светот што медицински ја прими вакцината против Ковид-19, изработен од „Фајзер“ и „БиоНтек“.

Кинан, која е од Северна Ирска, изјави дека се чувствува привилегирана бидејќи во Универзитетската болница во Ковентри ја примила првата вакцина.

„Ова е најдобриот роденденски подарок што би можела да го посакам. Се радувам на времето коешто отсега ќе можам да го поминам со семејството и пријателите“, рече Кинан, која ја прими вакцината во 06:31 часот по локално време.

Велика Британија е прва западна земја што започна со имунизацијата на населението. Земјата нарача 40 милиони дози вакцина, доволни за помалку од една третина од населението.

Станува збор за дози од вакцината на „Фајзер“ и „БиоНтек“.

Share
Scroll to Top