(Видео) Воз со 250 патници излета од шините во Мексико, 13 мртви

(Видео) Воз со 250 патници излета од шините во Мексико, 13 мртви

пред 6 часа

Мексиканските власти вчера соопштија дека најмалку 13 лица загинале во железничка несреќа во државата Оахака.

Речиси 100 лица се повредени
Мексиканската морнарица соопшти дека возот со 250 лица излетал од шините во близина на градот Низанда. Речиси 100 лица се повредени, а 36 се однесени во болница.

Претседателката Клаудија Шајнбаум изјави на Икс дека петмина од повредените се во критична состојба.

Отворена е истрага за несреќата.

Текстот (Видео) Воз со 250 патници излета од шините во Мексико, 13 мртви е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top