(Видео) Во Франција уапсени Срби и Романци, со измамнички трикови краделе дијаманти вредни милиони

пред 2 години

Француската полиција уапсила седум лица кои се осомничени за милионски кражби низ цела Европа.

Според медиумите, акцијата за апсење била спроведена пред две недели, а во неа се приведени седум лица под сомнение дека учествувале во кражба на дијаманти и други скапоцени камења низ цела Европа. Во полициската акција биле приведени три жени и четворица мажи, државјани на Србија и Романија.

Според француските медиуми, се верува дека уапсените припаѓаат на голема криминална организација што украла дијамант вреден 12 милиони евра во Шпанија, во јуни годинава. Постојат и сомненија дека годинава со измами во златарници во Цирих и Кан земале скапоцени камeња вредни неколку милиони евра. Тие биле уапсени минатата среда во хотел во Безансон.

Приведените биле на возраст меѓу 26 и 53 години, а при апсењето биле пронајдени околу 20 000 евра и УСБ-а што ги користеле за купување на криптовалути. Дијамантите, пак, не биле пронајдени.

Она што е интересно е дека ниту еден грабеж не бил вооружен. Покрај тоа, златарите и продавачите на скапоцени камења на почетокот не ни сфатиле дека се ограбени, бидејќи српските и романските крадци користеле вешти трикови. Имено, тие се претставувале дека купуваат скапоцени камења за руски или саудиски милионери, објави „Телеграф“.

„Имале пристап сличен на магионичари. На 7 август во Кан, еден човек сакал да продаде дијамант на руски богаташ. Тој се нашол во луксузен хотел со жена (53) која била во својство посредник. Додека гледала во скапоцениот камен, таа го заменила со лажен дијамант кој бил идентичен како вистинскиот, а потоа си заминала“, објаснил извор од истрагата.

Share

sun win

tải sunwin

sunwin

sun win

sunwin web tải sunwin sunwin club

Scroll to Top