Вулканот Килауеа еруптираше на Големиот остров на Хаваите, соопшти денеска Американскиот геолошки институт, повикувајќи се на Вулканската опсерваторија на Хаваите, пренесува „Спутник“.
Опсерваторијата откри сјаење во кратерот Халема’ума’у на вулканот околу 21:30 часот по хавајско време. Ситуацијата брзо ескалираше и ерупцијата беше означена со црвен код, што е највисоко можно советодавно ниво за авијацијата, а нивото на тревога беше променето во „предупредување“.
Photographer Ken Boyer (@kenboyerphoto) broadcasting live on Facebook from Kīlauea overlook, answering questions from viewers around the world. Earlier scenes captured explosions as the water lake in the crater vaporized. #kilauea #volcano #hawaii pic.twitter.com/zXInpCdiMM
— Ryan Kawailani Ozawa (@hawaii) December 21, 2020
Фотографии и видеа од ерупцијата се појавија на Интернет, а на нив се гледаат облаци црн чад кои излегуваат од кратерот со пеколни портокалови нијанси.
Опсерваторијата регистрира зголемена сеизмичка активност во областа на вулканот од септември. На почетокот на овој месец, експертите забележаа деформација на тлото и стапки на земјотрес што ги надминаа оние забележани од крајот на ерупцијата во 2018 година.
Kīlauea 12/20/2020 around 9:40 PM. pic.twitter.com/o1xHF0AtaG
— Jozie A. (@soooirrelephant) December 21, 2020
Во мај 2018 година се случи експлозивна ерупција на Килауеа. Килауеа е еден од петте вулкани на Големиот остров на Хаваите и е еден од најактивните вулкани во светот, според ЕСА.