Соединетите Американски Држави најавуваат хуманитарна помош за Украина од 54 милиони долари

пред 2 години

Соединетите Држави соопштија дека испраќаат скоро 54 милиони долари нова хуманитарна помош за Украина во борбата против руската инвазија.

Државниот секретар Ентони Блинкен рече дека САД се фокусирани на итните хуманитарни потреби на Украина како важен дел од нивниот одговор на руските однапред смислени, неиспровоцирани и неоправдани напади.

„Оваа нова помош ќе биде канализирана преку невладини организации, вклучувајќи снабдување со храна, безбедна вода за пиење, засолништа, итна здравствена заштита, презимување и заштита“, напиша Блинкен на Твитер.

Блинкен рече дека новата помош, исто така, ќе им помогне на хуманитарните групи да одржат контакт меѓу членовите на семејствата разделени поради војната, со надеж дека во некои случаи тоа ќе доведе до повторно обединување.

Блинкен ги пофали соседните земји што ги примија Украинците кои бегаат и дипломатски се ангажираа за да ги поддржат нивните напори да ги одржат своите граници отворени и да им помогнат на оние што бараат меѓународна заштита.

САД сега обезбедија речиси 405 милиони долари помош за Украина откако Русија првпат ја нападна Украина во 2014 година и го окупираше полуостровот Крим, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top