(Видео) Голем пожар во близина на Ерусалим, населението се евакуира

пред 5 години

Голем пожар избувна во предградието на Ерусалим, што резултираше со евакуација на населението од населбите Мала Хахамиса и Јад Хашмон, соопшти денеска полицијата.

Во соопштението се вели дека автопатот од Ерусалим до Тел Авив е затворен долж железничката линија што ги поврзува двата најголеми града во Израел.

Пожарникарите се на терен и го гаснат пожарот.

Сè уште нема податоци за причините за пожарот што се шири во шумата недалеку од населените места надвор од Ерусалим.

Share
Scroll to Top