(Видео) Голем пожар во близина на Лос Анџелес, властите апелираат населението да се евакуира

пред 3 години

Голем шумски пожар избувна недалеку од националниот парк Топанга во американската држава Калифорнија, а локалните власти бараат илјадници граѓани да го напуштат местото.

Сè уште не е утврдено што го предизвикало пожарот, но противпожарната служба во Лос Анџелес соопшти дека пожарот е „сомнителен“ и дека истрагата е во тек.

Во извештаите на новинските агенции се наведува дека полицијата во Лос Анџелес уапсила и подоцна ослободила едно лице, а друг осомничен бил уапсен откако од вчера бил на распит во полицијата.

„Пожарот се засилува“, соопшти противпожарната служба, потврдувајќи дека огнот досега уништил површина од околу 5,5 квадратни километри.

Share
Scroll to Top